Лионел Меси стана рекордер во репрезентацијата на Аргентина со 148 настапи, а дебитираше за националниот тим во 2005 година.
Првиот натпревар Меси го одигра во дресот на репрезентацијата на 17 август 2005 година на пријателски натпревар против Унгарија, а после тоа добиваше се повеќе и повеќе минути во дресот на Гаучосите.
Меси со години е главен играч на националниот тим, но за жал сè уште му недостасува значителен трофеј во дресот на Аргентина со цел да ја круниса својата неверојатна клупска кариера.
Аргентинските медиуми потсетија на почетоците на Меси во националниот тим, а фокусот беше ставен на поранешниот репрезентативец Пабло Алварадо.
Алварадо неколку пати добиваше покани за репрезентацијата на Аргентина, но никогаш не дебитираше во дресот на сениорскиот тим. Но, тој имаше можност да биде во тимот кога и Меси, и од тоа време има неверојатна анегдота.
Имено, Алварадо призна за аргентинските медиуми дека сè уште му должи на Меси 50 долари, што требаше да му ги даде пред 16 години, а тоа не го стори до денес.
Тој објасни дека во тоа време, играчите добиле по 50 долари за пријателските натпревари што Аргентина ги игра во странство, а Алварадо добил обврска да му ги предаде своите 50 долари на Меси.
Сепак, овој искусен 35-годишен фудбалер откри дека никогаш не му дал на Меси 50 долари, и објасни зошто и денес му ја должи таа сума.
“Тогаш добив банкнота од 100 УСД и немав ситно од 50 УСД да му дадам. Никогаш не му дадов 50 УСД бидејќи никогаш повеќе не го ни сретнав Меси. Првиот пат кога ќе се сретнеме ќе му ги дадам парите што ги должам”, – рече Алварадо.
Алварадо порасна во дресот на Сан Лоренцо и играше само за клубови во Јужна Америка, па затоа не се обиде во Европа.
Покрај Сан Лоренцо, тој играше и за Белграно, Расинг, Годој Круз, Дефенс, Ла Калера, Индепендиенте и ЦД Палестино, за кои игра и денес. Инаку, тој игра како централен дефанзивец.