По цели 12 часа жестока расправа во Собранието, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров доцна синоќа го „преживеа“ гласањето за негова интерпелација, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
За интерпелацијата гласаа 53 пратеници, 55 беа против, а ниту еден воздржан.
Ова беше трета интерпелација за Димитров во изминатите три и пол години. Првите две беа додека тој ја вршеше функцијата министер за надворешни работи.
Интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе поради, како што велат манипулациите на јавноста за блокадата од Бугарија за стартот на преговорите со ЕУ.