На денешните натпревари од 25. коло воглавно славеа домаќините, освен Ренова која славеше на гостувањето кај Шкупи.
Лидерот на табелата, Шкендија славеше 2:1 против екипата на Силекс, головите ги постигнаа Нафиу во 63. минута и Ибраими во 87. минута, додека за гостите единствениот гол го постигна Георгиев во 76. минута.
Со оваа победа Шкендија чекори кој освојувањето на шампионската титула, сега имаат 56 бода, а Силекс моментално е на 11. место со 26 бода.
Работнички во драматична завршница со пресврт успеа да слави 2:1 против Борец, головите за домашната екипа ги постигна Џурџевиќ во 83. и 90+1. минута, додека за Борец во 82. голот го постигна Адили.
Шкупи на домаше терен загуби од Ренова со 2:1 и со тоа полека ги губи шансите за прво место.
Ренова уште во 8.минута успеа да дојде до водство преку Јашароски, а во 68 минута Мишковски го пстигна вротиот гол за гостите. Кај домаќините адеми успеа да се запише во листата на стрелците во 90+2 минута.
Висока победа славеше Струга Трим против Беласица (3:1). На овој натпревар се забелеѓани два автогола, по еден кај двете екипи. Струга Трим преку Ристевски во 18-та и Цаке во 27-ма минута, заминаа на одмор со водство од 2:0. Во второто полувреме Каланоски постигна автогол и со тоа го зголеми водството на Струга Трим на 3:0, но во 88. минута и Цаке постигна авто гол за конечен резултат од 3:1.