Поранешниот претседател на Р. Бугарија, Росен Плевнелиев, во интервју за БГНЕС изјави дека Бугарија нема никакви претензии кон современиот македонски идентитет и тоа бугарскиот државен врв го истакнал многу пати.

„Кога претставници на бугарскиот државен врв, премиерот на Р. Бугарија кажува дека ние немаме претензии кон македонскиот идентитет таков каков што се формирал во современието, ние немаме претензии кон македонската држава, таа е независна држава. Што повеќе треба да направи Бугарија?“, вели во интервјуто Плевнелиев.

Поранешниот бугарски претседател вели уште дека со пропагандна цел се изместува темелот на дебатата од основното прашање бидејќи Скопје нема политичка волја да ги реши отворените проблеми на база на европските вредности. Плевнелиев додава уште дека решение на проблемите е возможно, но истото треба да биде стабилно и да се темели на европските практики и вредности.

„Луѓето треба да знаат дека влезот во ЕУ ја има својата цена, ако не сте готови да ја платите таа цена нема како да се случи и самиот влез“, вели Плевнелиев во интервјуто за БГНЕС.

Што уште кажа поранешниот претседател на Р.Бугарија во ексклузивното интервју за бугарската агенција БГНЕС погледнете во видеото што следи: