Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изјави дека Владата обезбедила 3,1 милиони дози вакцини до 30 јуни, така што дотогаш ќе бидат вакцинирани од 50 до 55 проценти од граѓаните.
– Владата обезбеди и 1,2 милиони дози од Фајзер, кога доцни испораката на вакцините од Астра Зенека. На овој начин овозможено е до 30 јуни да се вакцинираат 3,3 милиони луѓе постари од 18 години, посочи Пленковиќ.
Тој додаде дека министерот за здравство, Вилијам Берош ќе ја интензивира вакцинацијата во следните седумдесет дена.
Планковиќ наведе дека голем број граѓани во Хрватска би биле вакцинирани до летната туристичка сезона.