„Најпрво да изразиме сочувство до семејствата и до Македонија за оваа голема трагедија во Кочани. Досега пет пациенти се префрлени од Северна Македонија во Хрватска“, рече премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.
Како што рече остануваат подготвени и можат да помогнат да обезбедат дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна.
„Попладнево во Загреб ќе престојува и министерот за надворешни работи и заедно со министерот Хрстиќ ќе ги посети пациентите“, додаде Пленковиќ.
Текстот Пленковиќ: Можеме да обезбедиме дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна е превземен од МАКФАКС.