Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на првомајскиот протест повика на зголемување на платите за работниците. Беа побарани достоинствени услови за работа и почитување на колективните договори.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат.
„Денеска протестираме за плата, денеска одиме пред Собрание, Стопанска комора и Влада да кажеме дека бараме 500 евра минимална плата, дека бараме за 100 евра зголемување на сите останатите плати, да бараме почитување на колективните договори за зголемување на платите и дека бараме пристојна плата за секоја работа“, истакна Трендафилов.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) претходно најави дека нема да учествува на протестот, бидејќи претседателот Благоја Ралповски смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.
Текстот „Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра е превземен од МАКФАКС.