Националната компанија за аеродроми во Букурешт денес објави дека во текот на изминатата ноќ, претставници на Романската аеродромска служба (RAS) забележале дека се појавиле пламени под кабината на авионот „Vizеr“, кој долетал од Барселона за Букурешт.
Техничкиот персонал, кој бил присутен на лице место, ја отстранил опремата за снабдување на авионот со електрична енергија за да го избегне инцидентот, објавува денес порталот„Digi24“.
Авионот слетал на меѓународниот аеродром „Аурел Влаику“ во близина на Букурешт од Барселона во 1:18 часот, а во времето на инцидентот повеќето од 225 патници веќе го напуштиле авионот.
Од безбедносни причини, капетанот одлучил да го активира лизгачкиот излез во случај на вонредна состојба, кој ниту еден од патниците немал потреба да го користи.
За време на инцидентот, кој траел кратко, патниците не биле во опасност и не е предизвикана материјална штета.
Авионот бил подложен на детална техничка проверка, а инцидентот го истражуваат надлежните органи.
Фото: принтскрин
Текстот Пламен под авион што долетал од Барселона на аеродромот во Букурешт: инцидентот се истражува е превземен од МАКФАКС.























