Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, замина во Бешикташ во последните денови од преодниот рок. Но, тој имаше што да каже за односот со тренерот на Барселона, Роналд Куман. И не многу убави работи.

„Куман не ме почитуваше. Тој никогаш не разговараше со мене. Јас сум играч кој може да прифати се, но сакам работите секогаш да ми се објаснуваат. И не како да имам 15 години. Се согласив на помала плата и да се преселам во Бешикташ бидејќи сакам да играм фудбал“ – изјави Пјаниќ.

Одличниот играч за врска дојде во Барселона од Јувентус минатото лето како дел од замената за Артур Мел. Сепак, тој не играше фудбал со Куман, а летово главна мисија на Барселона беше да продаде или да се ослободи од што е можно повеќе играчи со цел да го намали финансискиот товар во однос на платите.