На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.

Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.

Текстот Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал е превземен од МАКФАКС.