Режисерот на „Господар на прстените“, Питер Џексон, овозможи мал увид во неговиот претстоен документарец за Битлси. Под насловот „The Beatles: Get Back“, документарецот го следи периодот од создавањето на претпоследниот албум „Let It Be“ во 1970-та година.

На Џексон му бил е овозможен увид во 55 часа никогаш објавени снимки и 140 часа аудио-записи, кои потоа ги реставрирал користејќи ја истата техника за развивање како и кај неговиот документарец за Првата светска војна „They Shall Not Grow Old” кој доби безброј позитивни критики.

Докуметарниот филм на Џексон во кината би требало да стигне на 27 август 2021 година.

За да се совпадне со неговата премиера, се очекува и обновената верзија на оригиналниот филм „Let It Be“ во режија на Мајкл Линдзи-Хог.