Пипа Мидлтон (37) и нејзиниот сопруг Џејмс Метјус (45) поторно ќе станат родители, пишува магазинот „People“.

„Ова е прекрасна вест во оваа тешка година. Целото семејство е многу возбудено“, изјави изворот за „Page Six“.

Profimedia

Сестрата на војвотката Кејт Мидлтон има едно дете, синот Артур кој го роди во 2018 година во истата болница во која се породи и нејзината сестра.

Друштвото за игра кое принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2) го загубија откако синот на принцот Хари, принцот Луис замина во САД, сега ќе го надополни нивната тетка Пипа Мидлтон.

Profimedia

Помладата сестра на Кејт Мидлтон со Џејмс Метјус се венчаше во 2017 година. Парот кој во моментот живее во Лондон е во процес на купување на имотот „Bucklebury Farm Park“ од 29 хектари, кое се наоѓа во Беркшир, недалеку од домот на семејството Мидлтон.

Семејството Мидлтон, мајката Карол, таткото Мајкл, Кејт, Пипа и младиот брат Џејмс се исклучително поврзани, но поради ограничувањата поради пандемијата, оваа година најверојатно нема да успеат да бидат заедно за празниците.