Две години по раѓањето на нејзиниот син Артур, помладата сестра на Кејт Мидлтон, Пипа Мидлтон го поздрави доаѓањето на своето второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Џејмс Метрјус овојпат станаа родители на девојче.
Пред само неколку дена Пипа Мидлтон беше фотографирана како вози скутер низ улиците на Лондон со нејзиниот син Артур потврдувајќи го фактот дека е на чекор пред породување.
Како што потврдија извори блиски до семејството за магазинот „People“, девојчето, кое гордите родители Пипа и Џејмс го нарекле Грејс Елизабет Џејн се родило утрово околу 4 часот и 22 минути, а нејзиното доаѓање на свет ја воодушеви британската јавност.
Многумина веднаш забележаа дека со изборот на името на девојчето, Пипа сакала да ѝ оддаде почит на нејзината постара сестра, британската војвотка и сопругата на идниот крал, Кејт Мидлтон.
Имено, тетката и внуката сега делат исто средно име – Елизабет, бидејќи целото име на Кејт Мидлтон е Кетрин Елизабет Мидлтон.
37-годишната Пипа Мидлтон и 45-годишниот Џејмс Метјус го добија своето прво дете, синот Артур,
во октомври 2018 година во истата болница каде што се поради и нејзината сестра Кејт, во болницата „Сент Мери“.