Тренерот на Милан, Стефано Пиоли имаше интересна презентација за напаѓачката игра во модерниот фудбал.

Пиоли има интересно решение кога станува збор за напаѓачката игра во модерниот фудбал и одлучи да го објави.

„Ако сакате да гледате повеќе напаѓачки фудбал, воведете правило според кое не можете да се вратите на својата половина ако веќе сте се префрлиле на противничката половина“, рече тренерот на Милан.

Слично правило се користи и во кошарката каде што топката не може да се врати на својата половина од теренот, но нејзиното воведување во фудбалот е сосема нереално.

Тој имаше уште една интересна идеја која е многу пореална од првата.

„Ако се прашував, часовникот ќе застанува кога топката ќе излезе од игра и ќе воведам тајм-аут во првото полувреме“, истакна тренерот на Милан.

Одамна се споменуваат бројни идеи кои би го подобриле фудбалот во наредните години, а Пиоли очигледно има свои.