ВМРО-ДПМНЕ му ја врати интерпелацијата на сТалат Џафери без преправки. Забелешките на Џафери се однесуваат на предлог-законот, а врз Интерпелацијата не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог на закони.
„Укажуваме дека Интерпелацијата и нејзината форма се едонствени и врз неа не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог закони како што е наведено во член 136 од Деловникот на Собранието. Впрочем, членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а Интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон“ стои меѓудругото во дописот до Џафери.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „враќањето на поднесената Интерпелација, повикувајќи се на член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија“.