Состојки:

250 грама пилешко месо
неколку чешниња лук
1 главица кромид
50 грама масло за јадење
1 лута зелена пиперка
1 домат
сол
100 милилитри слатка павлака
2 жолчки

Подготовка:

Во тенџере ставете го маслото за јадење, а потоа додајте ги ситно исечканиот кромид, ситно исечканиот лук и пиперката што сте ја исечкале на коцки. Кратко пропржете, а потоа во садот ставете ги и парчињата пилешко месо. Пржете го месото неколку минути, а потоа додајте вода да го облее месото и оставете го убаво да се свари. Кога месото ќе омекне, додајте го блендираниот домат и зачините и продолжете да варите уште неколку минути. Доколку е потребно, додајте уште малку вода и продолжете да варите. На крај, кога состојките ќе бидат комплетно варени, во садот додајте ги павлаката и изматените жолчки.
Варете уште 5 минути.