Иако кафето е утрински пијалак што многу луѓе го користат за да се разбудат или едноставно сакаат да уживаат во топлиот горчлив вкус, најново истражување покажува дека пиењето три или повеќе шолји дневно може сериозно да ги оштети бубрезите.
Истражувањето, чии резултати се објавени во списанието „JAMA Network Open“, опфатило 1.180 возрасни лица меѓу 18 и 45 години, кои имале нетретирана хипертензија од прв степен, односно висок крвен притисок.
Иако истражувањето траело приближно 16 години, секој од учесниците бил проверуван за време на следењето во период од седум и пол години. За тоа време, експертите внимавале на хиперфилтрација (стапка на гломеруларна филтрација која се смета за повисока од нормалната), албуминурија (премногу албумин во урината) и хипертензија, кои се знаци на дисфункција на бубрезите и бубрежна болест.
Додека ги обработувале резултатите, научниците најпрво забележале дека варијантата rs762551 на генот CYP1A2 е присутна кај околу 50 проценти од учесниците, што значи дека нивното тело не го метаболизира кофеинот толку брзо како обично.
Тие исто така откриле дека оние кои побавно го метаболизираат кофеинот имаат 3 пати поголема веројатност да развијат бубрежна дисфункција ако пијат три или повеќе шолји кафе на ден.
„Оваа студија покажува дека кафето, доколку се консумира прекумерно, може сериозно да ги оштети бубрезите“, предупредува д-р Сара Махдави, водечки автор на споменатото истражување.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.