Вкупно 9,7 милијарди денари или 160 милиони евра тежи петтиот економски антикризен пакет. Содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓаните.
-Мерките се распоредени во четири главни столбови, директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните и тоа во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија, за организација на настани и слично. Вториот столб е финансиска поддршка за ликвидност на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонетна, за задржување и зголемување на бројот на работниците и поттикунвање на раст и развој на компаниите. Трето креирање поволно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки. И четвртиот најважниот, поддршка директно за граѓаните погодени од пандемијата, изјави премиерот Зоран Заев.