Собранието денеска напладне, во рамки на 47 седница, треба да ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот.
Во текот на вчерашниот ден пратениците повторно ги спротивставија ставовите – оние од СДСМ уште еднаш рекоа дека ребалансот е развоен и ќе овозможи инвестиции, а нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека е за предизборен поткуп и ќе поттикне нови непродуктивни трошења.
Во дополнетиот ребаланс се вметнати осумте амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа почна во четвртокот, а може да трае пет дена.