Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски го нарече гласањето на доверба на владата класичен театар од страна на Заев. Според него од тоа најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија.

„Легитимно е на секоја опозиција е да се бори да разговара во Собранието за рушењето на владата и апсолутно тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжи да го прави тоа без разлика на денешниот театар да се обиде да собере доволен број на пратеници кој што ќе изгласаат недоверба на владата. Ова денеска што се случи во Собранието е еден класичен театар да не речам циркус каде на еден шверцерски начин Заев во отсуство на лидерот опозиција кој што знаете дека е во самоизолација, да си купи некој ден и тие негови пазарџиски способности особено во делот на тргување со влијанија за кои очигледно е махер, почнувајќи од почетокот на неговиот мандат пред се со пратениците да ете и денеска докаже дека е способен да пазарува во тој дел. За жал ова што го видовме денеска, најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија, рече пратеникот во своето гостување во „Само Вистина“ зборувајќи за денешното гласање за недоверба на Владата.