Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски, истакна на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Во периодот од 9 јуни 2021 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски од СДС, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему блиско лице, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на сопственикот на фирмата“, вели Петрушевски.

Тој искоментира дека на виделина излегуваат сите злоупотреби на СДСМ и нивните функционери изминативе 7 години и заклучи дека има одговорност.