Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одра прес конференција, на која објави како што вели нова афера на функционерите од власта, а ја нарекоа „Тајни имоти“. Како што вели Петрушевски функционери на СДС и ДУИ на различни позиции поседуваат таен имот.

-На списокот кој го поседуваме има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста. На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции. Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт. 5 години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали. Новата афера Тајни имоти, е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија. Со СДС на власт, овие функционери, очигледно служат само на нивната партија и на човекот кој ги именува преку седници на влада. Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити, вели Петрушевски.

Повеќе во видеото.