Пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ индиректно признала за скандалот со сомнителното финансирање на консултанти во 2016 и 2017 година, заради кој германски пратеник си поднесе оставка, вчера.
Според неа, многу важно е надлежните институции во земјава да постапат.
„Јавно ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат овој случај и да ја информираат јавноста за наодите. Особено што ВМРО-ДПМНЕ секогаш се поврзува со сомнителни финансии и трансфери. Клучно прашање на кое истрагата треба да даде одговор е од каде се овие пари и на кој начин се исплатени?“ – рече Петровска.
Таа посочува дека, според пишувањата на Шпигел, станува збор за 50.000 евра кои му биле исплатени на германскиот пратеник за консултантски услуги.