Пратениците коишто беа во Собранието ги почитуваа протоколите и не го загрозија здравјето ниту на пратениците ниту на вработените во Собранието, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Како што ги искоментира таа наводите на соговорничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, дека опозицијата ги нема сите страници од протоколите на Собранието, Петровска рече дека опозиционерите поднеле кривични пријави, но без да ги имаат сите докази.
„Колегите кои дојдоа во неделата ги почитуваа протоколите и не го загрозија здравјето на ниту еден од пратениците, ниту на вработените заради тоа што влегоа под посебни услови, гласаа, го извршија своето право како пратеници и излегоа надвор од Собранието. Сѐ останато е дискусија вклучително и ова – ги немаме протоколите, ги немаме сите докази, но поднесовме кривична пријава“, вели Петровска.