„Од почетокот на моето миинстревување, кога ги давав првите изјави со поддршка за Украина започнаа нападите против мене. На почетокот беа затскриени, на социјалните мрежи од лажни профили и имаа цел да ме обесхрабрат во намерата. Но една година потоа цврсто стојам на ставовите и ги спроведувам одлуките кои мислам дека се најисправни“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења.

Таа додаде дека нападите врз неа се неосновани и насочени против нејзината личност, а не нејзината работа како министерка.

Министерката рече дека минатата година кога се вратила од повеќедневна посета во САД, самата побарала седница на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието за да даде отчет, со цел да постави пракса дека е достапна за пратениците да разговара на било која тема, а не за партиски препукувања.