Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе биде дел од НАТО состанокот на министрите на земјите членки, кој ќе се одржува денес и утре. Таа порача дека треба да се даде шанса на дипломатско решение помеѓу Русија и Украина.
-Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина. Даваме последна шанса на дијалогот за дипломатско решение. Ќе го потврдиме единството на сите земји-членки на Алијансата, како и нивната безбедност, рече Петровска.
Петровска, во одговор на прашање на дописничката на МИА од Брисел, рече дека нема закани за безбедноста на нашата држава, и оти институциите во својата надлежност се подготвени и работат на тоа.