Министерката за одбрана Славјанка Петровска беше во посета на воениот полигон Криволак.

-Заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска го посетивме полигонот за обука Криволак. Подготовките за најголемата вежба која оваа пролет ќе се одржи тука, “Swift response 22” се одвиваат во најдобар ред, исто како и проектите за развој на Криволак, порача таа на социјалните мрежи.