Пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5,  изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да му се извини на пратеникот Кастриот Реџепи, за тоа што го нарекол „современиот Амди Бајрам“.

„Не можете да обвинувате за киднапирање и да се протолкуваат секакви зборови. Сакам да прашам дали после ова Мицкоски ќе понесе морална одговорност и срам и ќе му се извини на пратеникот Реџепи за изјавата дека е „современиот Амди Бајрам, лесна му земја“. Таква морбидна изјава од лидер на политичка партија не е дозволена. Пратеникот си најави дека ќе каже се во понеделник“, изјави пратеничката Славјанка Петровска.