Показна вежба на припадниците на Армијата во штипската касарна, која на покана на министерката Славјанка Петровска, ја проследија претседателот на Собранието, Талат Џафери и членови на Комисијата за одбрана.

Во штипската касарна, присутните се уверија во тактичките перформанси на новите, најмодерни оклопни возила на Армијата, JLTV Oshkosh.

Министерката упати честитки до припадниците на вториот баталјон од 1. пешадиска бригада на Армијата кои ја изведоа вежбата и уште еднаш покажаа дека оценката „борбено способни“ која ја добија во рамки на НАТО оценување пред неколку месеци е оправдана и заслужена.

Првите 6 нови лесни оклопни транспортери од американско производство пристигнаа во јули годинава и со нив значително е подобрена борбената готовност на Армијата. Очекуваме во следниот период да биде испорачана нова пратка од 27 возила од овој тип.