-Не очекувам дека ќе има равој на борбените дејствија од Украина пошироко во Европа, а Украина не може сега да стане членка на НАТО оти не ги исполнува условите, но Украина добива и ќе добива помош од НАТО. Украина не војува, Украина ја брани својата територија, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

-Одлуките за испраќање помош на Украина не се кријат ниту се кријат. Само се класифицираат деталите и тоа поради практични причини, вели Петровскаи додава дека одлуките за донации детално се заведени во архивата на МО и кога ќе има можност ќе бидат детално објавени.

Најбитно е дека сѐ што сме донирале ѝ требало на Украина и дека не станува збор за реклама, вели Петровска и додава дека со тие донации не е нарушена борбената готовност на земјата.

Петровска вели дека засега не се отвора дебата за повторно воведување на воен рок. Таа додава дека ние стратешки се базираме на професионална војска и дека треба да се пресмета колкави ќе бидат бенефитите а колкави трошоците од воведување на воен рок.

-Ние во Законот имаме можност за доброволно служење воен рок и интересот воопшто не е голем, за разлика од интересот за професионалната војска, вели Петровска.