Претседателот на Комисијата за заразни болести најави дека во наредниот период ќе следуваат силни препораки за примање на трета доза бидејќи тој процент кај нас е исклучително мал – само 5 отсто. За споредба, потенцираше Петличковски, во Англија над 65 отсто од населението примило и трета доза Од Комисијата се повикаа и на податоците дека во периодот од 1 до 31 јануари 2022 година од вкупниот број починати пациенти, само шест имале примено трета доза, но сите биле со други коморбидитети: еден бил пациенти на 48 години со карцином, повеќето имале дијабет, еден бил и со преживеан инфаркт, а тројца биле и со обезност.
Повикувајќи се на оваа анализа, Петличковски нагласува дека заштита од смрт и хоспитализација е над 90 отсто ако станува збор вакцинирани пациенти со три дози или вакцинирани со две, но од втората доза да е примена во последните три месеци.
-Оваа анализа од 1 до 31 јануари 2022 имаше точно за цел да ги подели ризиците за смрт и хоспитализација не само по однос вакциниран туку и колку време поминало после вакцинацијата. Ако по тој основ сметаме подолго од 6 месеци поминато време ефикасноста на вакцината не е истата како по три месеци после вакцинацијата. Таму многу јасно се одвоени, над 97 проценти е заштитата на вакцинацијата по однос на смрт и над 91 по однос на хоспитализација доколку се работи за вакцинација по последните три месеци или доколку се работи за вклучена трета доза. И во светот, заокружен циклус на вакцинација веќе се однесува или на три дози или на прележаност со две дози. Но, поентата ми е дека трите дози во моментот се тие кои даваат гаранција над 95 проценти за заштита од смрт и повторно тука има и мал процент и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, но шансите се многу мали, рече Петличковски.