Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски смета дека не треба да се крене паника околу мутацијата на коронавирусот затоа што тоа е нормална појава.
-Мутациите не се изненадување. Така да прашање беше само во кој момент ќе се прошири. Овој вирус односно мутацијата на спајк протеинот е повисок со рецепторите и има поголеми шанси да се заразиме, но тоа ништо не менува, некој ќе помине без симптоми она што полесно се проширува не значи дека ќе имаме многу тешко болни “, изјавил Петличковски за Телма.
Тој тврди дека детекција на мутираниот вирус преку тестови е скапа технологија и затоа најбогатите земји имаат предност.
„Ние на со Институтот имаме сереолошки тестови со кои правиме проценка колку е проширена епидемијата знаме дека имунитетот е тука и оној кој ја поминува болеста има прилично добра позиција да не се заболи повторно“, вели Петличковски.