Невозможно е во Македонија да има околу 115 реинфицирани со коронавирус, смета директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски. Тој во емисијата „360 степени“ рече дека реинфицирањето е многу ретко и во светски рамки се регистрирани 10 до 15 случаи.
„Теоретски реинфекцијата е можна, не е исклучена, но тоа е толку многу редок настан што нема шанси во Македонија да има 115 случаи на реинфицирани. Ако тоа беше навистина така, значи на 115 илјади би имале 10 проценти потврдени реинфекции. Тоа би значело дека никогаш нема да излеземе од кругот на пандемијата, а тоа не е случај.“, вели Петличковски