Бугарија не би можела да биде така силна кон Македонија, да стави вето, да инсистира на прашања од историјата и да навлегува во идентитетските работи, доколку зад неа не стои една Германија која го засилува своето влијание на Балканот, но и во Европа, вели Тито Петковски, долгогодишен политичар, лидер на НСДП во разговор за порталот „МКД.мк.
На глобално ниво се случуваат големи промени, тоа стана појасно за време на пандемијата, нагласува Петковски.
„Германија всушност не ја поддржа Македонија и таа практично застана зад Бугарија во спорот. Кога бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека Бугарија не е осамена во причините за спорот со Македонија, и дека зад неа стојат и други држави од ЕУ, таа всушност пред сѐ мисли на Германија, вели Петковски за МКД.мк