Во моментов знам дека се работи многу на ниво на МНР за да видиме какви се сите можности за напредок на темата Северна Македонија. Но пред тоа, на чисто професионално ниво меѓу дипломатите за да се стигне до некаква општа идеја како да се оди напред. Не можеме да потврдиме ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдувам за да се избегнат секакви злоупотреби, пред што и да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите, ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ.
Ова беше одговорот на Кирил Петков, премиер на Бугарија, на прашањето за неговата средба со Макрон заедно со претседателот Радев. Не одговори ниту дали оваа средба е директно поврзана со јунскиот самит на ЕУ и ветот на Бугарија за Северна Македонија.
„Не можам да потврдам поединечни покани за да видиме до каде ќе стигнеме. Знам дека се работи многу. Тоа навистина е во рацете на дипломатите, додаде Петков.
Понатаму тој вели и дека тоа што ќе се случи со Северна Македонија зависи и од Европа – до кој степен би ги прифатила како услови кои се многу важни за Бугарија.