Бугарскиот премиер Кирил Петков пред тамошните медиуми коментираше за исечената фотографија со македонскиот премиер Димитар Ковачевски со државниот секретар на САД Ентони Блинкен на Минхенската безбедносна конференција.
-Сите се обидуваат – и во Софија и во Скопје, со некои глупости да не извлечат од дијалошкиот и конструктивен тон. Нема да ги дозволам овие провокации. Затоа, во мојата следна објава на Фејсбук многу јасно кажав дека кој на која фотографија е нема никаква важност за нашата севкупна стратегија. Знаете, веројатно дека и јас имам ПР тим “, рече Петков.