„Она што го гледаме е дека има екстремистички политички позиции од двете страни на границата. Мораме да ги игнорираме екстремистите и да го следиме вистинскиот пат по принципите што сите им ги ветивме на нашите гласачи. Така, јас лично не би одговарал на екстремистички позиции“, изјави денес премиерот на Р. Бугарија Кирил Петков кој го посети градот Битола по повод отворањето ка културниот центар „Иван Михајлов“, пренесува Трибуна.

Потсетуваме дека лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и членот на владејачката коалиција на премиерот Димитар Ковачевски Бугарија ја нарече геноцидна држава во интервју за ТВ 24. Според него, Бугарија се уште врши геноцид врз РСМ.

„Ние сме должни да видиме каде е клучниот проблем, а тоа е негирањето на македонскиот народ од страна на Бугарија. Тоа во пракса е политика на геноцид. Ако направиме паралела меѓу тоа што го кажува Путин за Украина, со мали разлики ќе видиме дека Бугарија има сличен однос кон Македонија“, изјави Трајанов.