Следната недела ќе се разговара за составот на идниот кабинет што ќе го предложи „Продолжуваме со промените“, изјави премиерот во оставка и копретседател на владејачката партија „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков пред новинарите при увидот во интерконекторот Грција – Бугарија во областа Стара Загора.

Според Петков, за ова прашање ќе се разговара со коалициските партнери следната недела. Тој беше категоричен дека нема функција или позиција што е поважна од спасувањето на Бугарија од кризата.