Премиерот во заминување, односно во оставка, откако во бугарското народно собрание е изгласана недоверба на неговата влада, Кирил Петков во интервју за БНР.бг зборуваше за политичката состојба во неговата земја. Но, во интервјуто беше запрашан и за спорот со Македонија, поточно откако во Националното собрание на Бугарија беше изгласан нацрт-предлогот со кој практично, ако го прифати нашата земја, ќе биде кренато ветото за почеток на преговорите.

Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија не може да одговара за сите.

-Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија“, рече Петков повторно повторувајќи дека зад спроведувањето ќе стои Брисел, а дека Македонија треба да биде дел од Европската Унија.