Комисијата за историски прашања постигнала напредок во преговорите за историските прашања меѓу двете земји, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата во Софија на шефовите на државите од Југоисточна Европа, членки на НАТО. Сепак, Петков не откри детали, односно за што точно е постигнат напредок.

Петков, зборувајќи за бугарското вето во однос на отворањето на пристапните преговори на С Македонија за влез во ЕУ, истакна дека е забележан голем напредок, а за многу прашања кои изгледале тешки сега веќе вели дека се чувствува „позитивизам“ дека би можеле да се решат.

„Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ, и тоа што е можно побргу. Секако, како што сите знаеме, имаме одредници кои треба да ги постигнеме, како што е заштитата на правата на малцинствата. Во блиска координација сме со ЕУ-партнерите, кои често се трета страна во овие преговори. Се надевам дека наскоро ќе го постигнеме тоа. Историски нашиот однос значително се подобри во изминатите три месеци, многу зборуваме и се координираме и имаме една заедничка цел, изјави Петков..