Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска пред парламентот во Софија рече дека е договорено Бугарите да бидат впишани во Уставот на РС Македонија.
За рокот кога тоа ќе се случи, се уште се преговара Македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Кирил Петков се договориле Бугарите да бидат впишани во Уставот на Република Северна Македонија, а останува во рамки на преговорите меѓу двете држави да се договори кога тоа точно ќе се случи.
„Разговараме за тоа каков да биде рокот. Така ќе го направиме во преговорите, што тоа ќе биде факт – Бугарите во Северна Македонија ќе имаат еднакви права со другите“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот пред пратениците во бугарскиот парламент.
Само впишување на Бугарите во Уставот на соседната земја, според Петков, сепак нема да биде само по себе доволно.
„Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признаено преку измени на нивниот устав, но тоа нема да биде доволно. Поважно е во текот на преговорите за членство во ЕУ секоја манифестација на говор на омраза или дискриминација да биде разбиена во текот на овој процес и елиминирана“, додаде Петков.
На средбата во Софија, македонскиот премиер Димитар Ковачевски, како и неговиот претходник Зоран Заев, го поврза вметнувањето на Бугарите во Уставот со влезот на земјата во ЕУ.
Петков остави рок од десет години да се надминуваат и другите спорни прашања меѓу двете земји, како говорот на омраза.