По осум месеци изборен маратон, предводена од две технички, Бугарија конечно добива политичка влада. Бугарското народно Собранието попладнево го избра новиот владин кабинет, предводен од новиот премиер Кирил Петков.
Во обраќањето пред пратениците, лидерот на „Продолжуваме со промените“ како приоритет ја наведе борбата против корупцијата и против пандемијата, а во делот на дипломатијата, односите со Македонија.
Нејзиниот и изборот на Петков се случува ден пред Советот на Европската Унија, на кој според најавите, токму тој ќе ја претставува Софија, а на чиј дневен ред неизбежно ќе се најде и бугарската блокада. Иако Петков неодамна најави нов пристап кон земјава, во Бугарија никој и не очекува дека е возможен пресврт и остапување од ветото.