По традиционалната посета на базиликата Санта Марија Маџоре, каде Папата Адријан Втори ги благословил словенската азбука и книгите, премиерот ќе се сретне со делегација од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, се вели во соопштение од кабинетот на премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
Бугарскиот Дневник пишува дека за средбата на Ковачевски и Петков во Рим имало план „двајцата премиери да објават напредок или достигнување со кое може да се крене ветото“. Други детали нема ниту во бугарските ниту од македонските институции. Од владата дури денеска потврдија дека утре попладне во Рим ќе се сретнат Ковачевски и Петков. Без детали за темата. Во саботата пак МНР за Телма потврди дека ќе има средба, ама агендата и натаму е сокриена, а ниту медиумските екипи кои ќе го покриваат чествувањето на Свети Кирил и Методи уште не ја добиле агендата за оваа официјална посета на македонскиот премиер.