Запрашан дали се обврзал да и даде зелено светло на РС Македонија пред јунскиот самит на ЕУ, премиерот на Бугарија, Кирил Петков:
-Премиерот нема независни договори. Ако нешто се случи, тоа мора прво да се заснова на Министерството за надворешни работи, кое ќе ги извести владата, Коалициониот совет и парламентот да одлучат, вели Петков.
Кирил Петков имаше средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во средата. Неговата посета на Софија беше оценета како обид за притисок врз Бугарија да биде повлечено ветото на самитот на ЕУ во јуни.