Би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес за членство во Европската унија, а Северна Македонија да остане надвор, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во емисијата „Зошто г-н Министер“ на бугарската телевизија БТВ.

Како што рече, предлогот на француското претседателство е исклучително добар, и со него, бугарските позиции станале европски.

„Ако Македонија сака да се развива, европскиот пат е единствениот пат за таа држава“, рече Петков.

Тој ја пофали бугарската дипломатија за прашањето со РС Македонија.