На Фејсбук-страницата со назив „Бугари од Македонија“ објавена е онлајн петиција за одземање на бугарското државјанство на Македонци кои шират омраза кон Бугарија, објави Телма.

Автор на петицијата, која досега ја поддржале повеќе од 180 лица, е извесен Димче Јамандиев.

„Ние од страницата „Бугари од Македонија“ ги повикуваме сите владини и невладини организации да се приклучат на нашата иницијатива. Одземање на бугарско државјанство, за луѓе кои стекнале државјанство од Република Македонија и денес навредуваат и шират омраза кон Бугарија“, се вели во повикот за поддршка.