Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а бронзен – Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип на 56. Меѓународна олимпијада по хемија од која утре завршува во Ријад, Саудиска Арабија. Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар.

Ментори на нашиот тим се професорите д-р Миха Буклески и д-р Марина Стефова од Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија кои го организираат нашето учество.

На 56-тата Интернационална Олимпијада по хемија (IChO 2024) која оваа година се одржува во Ријад, Саудиска Арабија учествуваат околу 90 држави и околу 350 учесници од целиот свет. Се состои од два натпреварувачки дела – теоретски и експериментален. Двата дела содржат комплексни задачи и траат по 5 часа.