Лидерот на ГДУ Петар Колев, еден од претставниците на македонските бугари, оствари средба со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Како што и самиот информира, разговарале за неколку теми, а во фокусот бил конфликтот во Украина, како и перспективите на Македонија.
-Денеска се сретнав со претседателот на Алтернатива, г.Африм Гаши. Разговаравме за предизвиците пред нашето општество, потребата од кохезија и јасни чекори кон реализација на стратешките цели на Македонија кои се заеднички и за двете партии.
Предизвиците во Европа и воениот конфликт во Украина, се уште една потврда за потребата од ефективна и конкретна европска интеграција и перспектива за Македонија. Впрочем, овие приоритети се консензуално одобрени од пошироката јавност во земјава. Се радувам на перспективата за соработка со Алтернатива, верувам дека имаме што да понудиме, вели Колев.