Македонскиот политичар и активист за човековите права на Бугарите во Северна Македонија, Петар Колев, од денеска е дел на раководството на бугарската информативна агенција БГНЕС, јавува самата агенција.
Колев дипломирал право во Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и е познат активист за правата на човекот.
Долги години тој ја раководеше политичката партија Граѓанско Демократска Унија-ГДУ. Пред да ја заземе позицијата во БГНЕС, Петар Колев помина успешна обука за менаџирање во медиумите во ЕУ.
„Авторитетот, слободата и професионализмот се вистински предизвик и за мене е чест да бидам дел од агенцијата БГНЕС. Со поддршката на тимот, со кој што се познавам години наназад, сум убеден дека ќе придонесеме за успешната реализација на нови проекти“, изјави Петар Колев пред колегите во агенцијата.