Денеска, во пет училишта во Сараево пристигнале дојави за подметнати бомби, потврди портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
Како што пренесува сараевскиот портал „Кликс“, извештаите за поставени бомби стигнале до Високата музичка школа, Гимназијата „Обала“, Средното училиште за применета уметност и Електротехничкото училиште за енергетика.
Дополнително, пишува „Кликс“, читателите ги информирале дека дојава за бомба била поставена и во училишниот центар „Маариф“ во Мојмил.
Полицијата во моментот е на терен. Во некои училишта сè уште е во тек евакуацијата на персоналот и учениците.
Текстот Пет училишта во Сараево добија дојава за бомба: во тек е евакуација и увид е превземен од МАКФАКС.